Фото: The Olympic Games/X

ВИДЕО: Чудесниот Дуплантис и во Токио го сруши светскиот рекорд!

Шведската сензација Арманд Дуплантис уште еднаш ја помести границата во скок со стап и на Светското првенство во Токио го урна сопствениот светски рекорд, кој сега изнесува неверојатни 6.30 метри.

За популарниот „Мондо“ ова беше веќе 14. светски рекорд во кариерата, а само во текот на оваа година тој успеа да го подобри четири пати. Победата во Токио ја обезбеди со сигурно прескокнати 6.15 метри, по што во третиот обид успеа и на 6.30, за ново историско достигнување.

Претходниот рекорд, поставен на 12 август на „златниот митинг“ во Будимпешта, го подобри за еден сантиметар.

Дуплантис веќе може да се пофали со три светски титули и едно сребро, две олимписки и три европски злата, со што од натпреварување во натпреварување само ја потврдуваа својата доминација во оваа наатпреварување. Во Токио, второто место му припадна на Гркот Емануел Каралис (6.00), додека трет заврши Австралиецот Куртис Маршал (5.95).

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот