ВИДЕО | Човекот кој го победи ракот донесе титула за Брегот на Слоновата Коска на Африканскиот Куп на Нации

Фото: EPA-EFE/LEGNAN KOULA

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска го освои Африканскиот Куп на Нации откако вечерва во финалето со 2:1 ја победи Нигерија.

Имаше водство Нигерија со голот на Трост Еконг по 38 минути игра и со таа предност замина на плувреме. Но, во второто полувреме репрезентацијата која беше домаќин на шампионатот постигна два гола за големо славје.

Франк Кеси во 62-та минута донесе израмнување, а задоволството на трибините беше уште поголемо кога Себастијан Халер кој неодамна го победи ракот и се врати на терените постигна гол на десетина минути пред крајот за победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот