Протести во Аргентина / Фото EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

ВИДЕО | Буенос Аирес парализиран, втор генерален штрајк во последниве пет месеци

Во Аргентина се одржува вториот генерален штрајк во последните пет месеци откако претседателот Хавиер Милеи е на власт, јави Анадолија.

Во главниот град Буенос Аирес јавниот превоз е стопиран за околу три милиони патници дневно, училиштата, банките и бензинските пумпи се затворени, а општинските претпријатија не го собираат сметот.

Синдикатите свикаа 24-часовен протестен штрајк за поддршка на пристојни плати за Аргентинците кои се борат со тешка економска криза. Годишната инфлација достигна 300 проценти, а секој втор жител живее во сиромаштија.

Вчера беа откажани околу 400 летови кои погодија околу 70.000 патници, соопшти АЛТА, асоцијацијата на авиокомпании во Латинска Америка.

По победата на изборите во ноември минатата година, Милеи вети дека ќе го елиминира буџетскиот дефицит на Аргентина и ќе ја намали инфлацијата.

Досега, меѓу другото, ги скрати субвенциите за транспорт, бензин и енергетика, и отпушти илјадници државни службеници.

Синдикатот ЦГТ го обвинува дека вовел мерки за штедење кои ги погодуваат сиромашните и пензионерите. Штрајкот беше целосно очекуван поради драстичните мерки за штедење. Најголемиот досега беше на 23 април, кога околу милион луѓе протестираа против кратењето на финансирањето на државните универзитети.

И покрај тоа, анкетите покажуваат дека тој се уште ужива околу 50 отсто поддршка кај гласачите. Со неговите мерки месечната инфлација падна од 25 отсто минатиот декември на девет отсто во април, а Милеи минатиот месец се пофали со првиот квартален буџетски суфицит на Аргентина во последните 16 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот