
ВИДЕО | Бритни Спирс објави дека посвоила девојче, го кажа и нејзиното име
Бритни Спирс повторно ги збуни своите следбеници со објава на Инстаграм. Во видео објавено на 13 јули, поп-иконата напиша дека „посвоила прекрасно девојче“ и дури го напишала и името – Ленон Лондон Спирс, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
View this post on Instagram
„Ленон денес носи сладок фустан! На него пишува „НОВА СУМ ТУКА!!!““, напиша 43-годишната пејачка, заедно со серија емотикони што плачат од смеење. Таа ја продолжи објавата тврдејќи дека планира да се пресели во Италија, исто така со иронични емотикони.
Во самото видео, Бритни танцува во розов едноделен костим за капење, црна шапка и чизми до колена, со опис: „Не сум вежбала со години, па го облеков овој мал розов костим и ИГРАВ. Ова се 30 секунди од мојот случаен, смешен тренинг!“
Сепак, обожавателите брзо посочија дека пејачката само сакала малку да се нашали.
Бритни во последните месеци повторно се поврза со својот помлад син Џејден (18), кого го има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн. Нивното повторно обединување започна кон крајот на декември минатата година, кога Бритни објави емотивно видео во кое призна дека не го видела речиси три години.
„Тој се врати и сега е попаметен и позрел од мене“, напиша таа во тоа време. „Тој е маж и јас плачам секој ден затоа што е чудо и гениј! Кога свири, целата Земја се тресе!!!“ Таа додаде дека двајцата се „како близнаци – но тој е момче, а јас сум девојче!!!“
Џејден живее на Хаваи со својот татко, маќеата Викторија Прајс и полубраќата Џордан (13) и Пејтон (10).