Британската двојка Питер и Барби Рејнолдс/Фото: AFP / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Британските хуманитарци Питер и Барби Рејнолдс ослободени од затвор во Авганистан

Питер и Барби Рејнолдс, кои беа заробени од Талибанците на 1 февруари, се враќаат во Велика Британија по речиси осум месеци во затвор во Кабул, објави Гардијан.

Барби, 76, и Питер, 80, живееја во Авганистан 18 години и ја воделе организацијата „Обнова“, која спроведува програми за образование и обука. Двојката е заедно од 1960-тите и се венчала во Кабул во 1970 година.

Во март тие веќе беа уапсени и префрлени во затвор со висока безбедност во Кабул. По успешното посредништво на Катар, тие беа ослободени во петокот и префрлени во Доха, каде што ќе бидат повторно обединети со своите семејства во Велика Британија.

Синот на двојката, Џонатан Рејнолдс, за „Скај њуз“ во април изјави дека немало „ниту едно обвинение, ниту една официјална жалба“ против нивните родители.

Кога британската влада им предложи да ја напуштат земјата откако Талибанците ја презедоа власта, тие одговорија: „Зошто да ги оставиме овие луѓе во нивниот најтемен час?“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот