фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

ВИДЕО: Браво „дијаманту“, Елмас асистираше за голема победа на Наполи против Јувентус

Уште еден доказ дека Наполи има намера сезонава да ја освои титулата во Серија А. Играчите на Лучано Спалети во дербито од 31 коло во Торино го совладаа Јувентус со резултат 0:1.

После ремито со Верона, „наполитанците“ им се вратија на победите и против „Старата дама“ која пак го претрпе третиот пораз во низа.

Единствениот гол се случи во 93 минута кога македонскиот репрезентативец Елиф Елмас убаво го пронајде Џакомо Распадори за огромна радост кај фудбалерите и навивачите на клубот од Неапол.

Нашиот фудбалски „дијамант“ влезе во игра од 68 минута како замена за Лозано.

Наполи е многу блиску до освојување на Скудетото, моментно на седум кола до крајот е на првото место со 78 бодови, 17 повеќе од второпласираниот Лацио, а третопласиран е Јуве со 59.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот