фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

ВИДЕО | Босна и Херцеговина ја совлада Грузија за осминафинале на Евробаскет

Натпреварот со многу подеми и падови, по многу драма, заврши во корист на кошаркарите на Босна и Херцеговина. Босанците имаат големи причини да бидат среќни, бидејќи го фатија летот до нокаут фазата на Евробаскетот. Избраниците на селекторот Азиз Бекир денеска ја победија Грузија со 80:74 (20:15, 27:20, 20:27, 13:12) и со тоа го обезбедија пласманот во следната рунда.

Не е познато дали селекцијата на БиХ ќе заврши како трета или четврта во групата Ц, за тоа ќе мора да почека на конечниот исход од дуелот меѓу Шпанија и Грција. Сепак, тоа не е толку важно со оглед на тоа што првичната цел беше постигната. Дури пет кошаркари од БиХ го завршија мечот со двоцифрен број поени, Јусуф Нуркиќ имаше дабл-дабл учинок од 15 поени и 12 скока.

Босанските репрезентативци постигнаа 14 тројки во овој дуел. Одличната прецизност од далечина им даде двоцифрена предност. Второто полувреме не беше толку добро за играчите на Бекир, бидејќи им дозволија на Грузијците целосно да ја стопат негативата од 15 поени.

Грузија успеа да дојде и до нерешени 71:71, но со тројките на Џон Робертсон и Александар Лазиќ, репрезентацијата на БиХ кога беше најпотребно повторно направи предност од „плус девет“ (80:71) на три и пол минути до крајот на натпреварот. Цврстата одбрана на БиХ ја задржа предноста до самиот крај на средбата.

Шпанија беше тимот што најмалку го очекуваше овој резултат. Тие дефинитивно навиваа за Грузија, што ќе значеше загарантирано место во следната рунда за нив. На овој начин, постои огромна шанса нокаут фазата да се игра без актуелните европски шампиони, бидејќи во случај на пораз од Грците тие ќе завршат петти на табелата – поради лошиот резултат во меѓусебните натпревари со Грузијците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!