фото: nfsbih.ba

ВИДЕО | Босанците чекорат кон Мундијалот, го совладаа Сан Марино за „четири од четири“

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина триумфираше и во својот четврти натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.

На гостински терен избраниците на селекторот Сергеј Барбарез на гостински терен со конечен резултат 6:0 го декласираа составот на Сан Марино.

Домаќините останаа со играч помалку од 16 минута поради црвениот картон на Голинучи и тоа им помогна на Босанците да ја почнат гол серијата преку Тахировиќ.

Во второто полувреме за 120 секунди Џеко запиша два гола, а во финишот од средбата по еден погодок забележаа и Баждар, Алајбеговиќ и Мујакиќ.

Се одигра уште еден меч во квалификациската група Х, Австрија дома со 1:0 го совлада Кипар со погодокот на Сабицер од пенал во 54 минута од средбата.

На табелата води БиХ со 12 бодови, пред Австрија со девет, шест има третопласираната Романија, следува Кипар со три, а без бодови е Сан Марино.

Во следните мечеви На 9 септември Босанците ќе ја пречекаат Австрија, додека Кипар ќе се соочи со Романија.

По триумфот на Португалија од 5:0 во Ереван против Ерменија, селекциите на Ирска и Унгарија ремизираа 2:2 во Даблин во рамките од квалификациската група Ф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот