Фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

ВИДЕО | Болоња ги откажа Рома и Мурињо од трката за ЛШ

Фудбалерите на Рома одиграа реми 0:0 на гости кај Болоња во рамките од 35-тото коло во Серија А и така загубија важни бодови во битката за место во Лигата на шампионите преку првенството.

Натпреварот помина без многу шанси со многу дуели и борба. Болоња имаше поголем процент на посед на топка, во одредени моменти процентот беше и 75%. Рома сепак успеваше да ги запре нападите кон својот гол.

Орсолини за Болоња и Белоти за Рома имаа одлични прилики во првиот дел, сепак мрежите мируваа. Во вториот дел Рома заигра нешто подобро, но сепак голови не видовме.

Рома може да жали за испуштените бодови во трката за топ четири. Клубот од Рим има 59 бодови кои се доволни во овој момент да се само на шестото место кое ги води во Конференциската лига.

Сепак, Рома има шанса да избори пласман во Лигата на шампионите преку Лигата на Европа каде што игра полуфинале и победи во првиот натпревар против Леверкузен (1:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот