Фото: Инстаграм/acrosseveryborder

ВИДЕО | Блогери се воодушевени од Македонија: „Сите ни велеа дека е ужасна и дека треба да ја избегнуваме“

Иако пријатели и познаници им велеле: „Избегнувајте ја Македонија по секоја цена – ужасна е“, патувачките блогери Сара и Рајан откриле дека е сосема спротивно. По нивната посета тие заклучиле дека земјава е „потценет бисер на Балканот“, кој заслужува многу повеќе внимание.

„Не очекувавме да се заљубиме во Македонија, но сега официјално ни е едно од омилените скриени богатства во Европа,“ изјавија блогерите, кои особено се воодушевиле од Охридското Езеро, споредувајќи го со познатото Комо во Италија.

Во видео објавено на Инстаграм тие наведоа дека Македонија е совршена за сите кои сакаат мирна атмосфера, пријателски луѓе, вкусна и едноставна храна и автентично патување далеку од масовниот туризам.

„Од првиот момент почувствувавме дека сме влегле во тајна верзија на Европа – прекрасна, достапна и без гужви“, истакнаа Сара и Рајан.

„ВИДЕО | „Охридското езеро е подобро од море“: Хрватскиот блогер Милош Самарџија ги сподели впечатоците од Охрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!