Куче падна врз 4-годишно девојче и го уби на самото место/Фото: Скриншот

ВИДЕО: Бизарна смрт на тригодишно дете на улица во Индија, врз него падна куче

Тригодишно девојче трагично загина во Индија кога врз неа слетало куче кое паднало од 5-ти кат на зграда.

Безбедносната камера го снимила незамисливиот инцидент што се случил во градот Тане додека девојчето се шетало со мајка си по тесна улица.

Кога мајката на девојчето сфатила што се случило се обидела да му помогне на своето дете, но безуспешно.

Иако малечкото девојче било префрлено во болница, лекарите не можеле да сторат повеќе отколку да ја констатираат смртта.

Златниот ретривер по ударот врз детето станал без да се знае дали преживеал.

Она што останува нејасно е како кучето паднало од 5-ти кат на зградата, дали самото скокнало или некој го фрлил.

Според мајката на девојчето, која зборувала за Тајмс оф Индија, полицијата која го истражува инцидентот не гледа криминална активност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот