Фото: Инстаграм/Стјепан Хаусер/Јелена Розга

ВИДЕО | Бившиот на Јелена Розга: Зборуваа дека и двајцата сме геј, но тоа беше вистинска љубов

Хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер, поранешен член на инструменталното дуо „Ту челос“, неодамна гостуваше во емисијата „Књазалиште“ на Хрватската радио телевизија.

Инаку, станува збор за авторска емисија на Роберт Књаз, во која познатите личности добиваат необични улоги и, барем на еден ден, се наоѓаат во необични ситуации. Овој пат, Хаусер се обиде да се снајде во улогата на глува личност.

„Целиот мој живот е заснован на тоа што го слушам“, рече музичарот на почетокот од емисијата, додавајќи дека не може ни да замисли како би му било без слухот како сетило.

Стјепан Хаусер
Стјепан Хаусер / Фото: MAX MONTINGELLI / SGP / Profimedia

Покрај задачите во емисијата, Хаусер откри и некои пикантерии за музичарите со кои соработувал, меѓу кои и неговата поранешна девојка – Јелена Розга.

„Соработката со неа беше феноменална, траеше две години. Тоа беше прекрасен период од мојот живот и нашата соработка секогаш ќе ми биде убаво сеќавање. Се запознавме во ‘Вестин’, се одржуваше избор за Мис на универзумот. Јас отидов на настанот за да гледам мисици, а потоа ја здогледав неа и ми беше подрага од сите нив. И така почна сѐ…“, се присети Хаусер на нивното запознавање.

Јелена Розга / Фото: Инстаграм/Јелена Розга

Исто така, тој ги искоментира и тогашните „чаршиски муабети“ дека и двајцата се геј.

„Тоа се глупости. Многу ме нервираше тоа тогаш. Тоа беше вистинска љубов, живеевме заедно две години“, објасни тој.

Како потсетување, Стјепан Хаусер и Јелена Розга беа во романтична врска од 2015 до 2017 година. Во тој период, тие не се експонираа многу во јавноста и нивната врска не беше пропратена со скандали. Како што пишуваа хрватските медиуми, тие се разделиле на пријателски начин и останале во добри односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот