ВИДЕО: Бил Клинтон задрема за време на инаугурацијата на Бајден

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, во периодот од 1993 до 2001 година, задрема за време на вчерашната инаугурација на 46. претседател на САД, Џо Бајден, пишува „Њујорк пост”.

Во кратко видео, кое се прошири низ социјалните мрежи, се гледа како Бил Клинтон не може да ги задржи очите отворени, а неговата глава постепено се наведнува надолу кон градите, додека трае инаугурацијата во Вашингтон.

Клинтон на церемонијата седеше до својата сопруга Хилари, меѓу останатите поканети официјални лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот