фото: EPA/Lukasz Gagulski

ВИДЕО | Белгија во последните секунди забележа победа над Полска на Евробаскет

Белгиската кошаркарска репрезентација направи изненадување на крајот од групната фаза од групата Д совладувајќи ја денеска Полска со 70:69 во Катовице, но овој триумф не менува ништо на табелата.

Белгијците дојдоа до триумфот во последните секунди со поените на Емануел Лекомт.

Со овој пораз, Полска влегува во осминафиналето на второто место, додека Белгија го заврши своето натпреварување на Евробаскетот.

Домаќините на првенството очигледно влегоа во овој натпревар целосно без никаков притисок, ова можеше да се види во текот на целиот дуел, а противникот знаеше како да го искористи и на крајот да дојде до победата.

Најефикасен играч во белгискиот тим беше Лекомт со 19, Ванвијин со 10, како и Ван Влиет.

Најдобар кај Полјаците беше Понитка со 16, по што следуваа Олињак и Соколовски со 12 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!