Фото: Screenshot

ВИДЕО | Бекам со емотивна објава се прости од Ериксон: Се смеевме и плачевме, знаевме дека се збогуваме

Во текот на вчерашниот ден легендарниот тренер Свен Горан Ериксон ја загуби битката и почина на 76-годишна возраст, а со емотивна објава од него се прости и легендарниот Дејвид Бекам.

Славниот фудбалер го посетил Ериксон во неговите последни денови во Шведска каде што Ериксон живееше со најблиските. Свесен за својата состојба неколку дена пред неговата смрт самиот Ериксон објави и проштална порака.

Бекам сега објави видео од нивната средба за која и двајцата знаеле дека им е последна.

– Заедно се смеевме и плачевме, знаевме дека се збогуваме. Свен, ти благодарам што секогаш си бил грижлив, смирен и вистински џентлмен. Засекогаш ќе сум ти благодарен за сè што направи за мене. Засекогаш ќе ги негувам овие последни спомени од овој ден со тебе и твоето семејство. Ти благодарам и за последните зборови до мене „Ќе биде во ред“ – објави Бекам.

Низ кариерата Ериксон беше тренер на 12 клубови и освои 18 трофеи, извесен период беше и селектор на репрезентацијата на Англија.

Легендарниот Свен Горан Ериксон објави проштална порака: Треба да прифатиме дека и смртта е дел од животот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот