Зои Кравиц / Фото: Profimedia

ВИДЕО | „Беа како тинејџери“: Зои Кравиц забележана како страсно се бакнува со познатиот пејач во Лондон

Пејачот Хари Стајлс и актерката Зои Кравиц наводно биле видени како страсно се бакнуваат за време на романтична вечер во Лондон. Стајлс и Кравиц се препуштиле на нежноста во бистрото „Рита“ во населбата Сохо, објавува „Пејџ сикс“.

„Хари и Зои беа скриени во еден агол и се бакнуваа како тинејџери. Не им беше гајле дали некој ги гледа како се бакнуваат“, рече изворот.

Порано истата вечер, Кравиц присуствуваше на премиерата на нејзиниот нов филм „Фатен во кражба“ (Caught Stealing) на Лестер Сквер. Таа и Стајлс наводно отишле заедно во бар, на состанок.

„Дефинитивно беше состанок. Изгледаат прекрасно заедно“, додаде изворот.


Тврдењата на изворот доаѓаат откако Кравиц и Стајлс беа фотографирани како шетаат и се држат за раце по улиците на Рим во неделата.

„Тој поминува многу време во Рим, па затоа решија да се сретнат таму. Сè е сè уште на самиот почеток, нема етикети. Тие се забавуваат многу заедно“, рече изворот.


Кравиц во последните недели ги подгрева шпекулациите дека е романтична врска со нејзиниот колега од серијата „Фатен во кражба“, Остин Батлер , особено откако двајцата колеги беа видени како се гушкаат доцна навечер во еден бар во Париз минатата недела.

Иако некои се убедени дека тие се новиот холивудски пар, извор го тврди спротивното.

„Сè уште не е целосна романса, но Остин не е ниту турнат во зоната на пријателство. Заедничката работа на филмот беше интензивна бидејќи режисерот Дарен Аронофски е познат по тоа што им ги тестира границите на актерите“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот