ВИДЕО | Башкими постигна скандалозен гол во ВМФЛ: Фудбалерите на Кожуф како да не сакаа да играат!

Фудбалерите на Башкими извојуваа важна победа на гостувањето кај Кожуф со 2-1, но натпреварот предизвика бурни реакции поради победничкиот гол кој го постигна кумановскиот тим во самата завршница.

Иако триумфот ги доближи гостите чекор поблиску до Првата лига, начинот на кој беше постигнат вториот гол предизвика бурни реакции. Во самиот финиш од натпреварот, во судиското надополнување, домашните фудбалери делуваа целосно незаинтересирано, рдодека играчите на Башкими ја искористија ситуацијата и по неколку обиди го постигнаа победничкиот погодок.

Ваквата завршница отвори простор за сомнежи и критики во јавноста, а се бара и реакција од Фудбалската федерација на Македонија. Со оваа победа, Башкими останува на третото место со 60 бодови, само еден зад второпласираниот Арсими и три зад лидерот Македонија ЃП, во трката за елитниот фудбалски ранг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by СПОРТСКИ (@sportski.info)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот