Фото: Barcelona FC/X

ВИДЕО: Барселона преку Реал Сосиедад до врвот на Ла Лига, стрелаа Кунде и Левандовски

Фудбалерите на Барселона го искористија поразот на Реал Мадрид, кој загуби во градското дерби против Атлетико и со триумфот над Реал Сосиедад со 2-1 успеааа да се искачат на првото место на табелата.

Гостите од Сан Себастијан први се радуваа, откако Одраизола го совлада Тер Штеген по половина час игра. Сепак во продолжение избраниците на Флик ја преземааа контролата, а до полувремето израмнија со голот на Кунде по корнерот на Рашфорд.

Во второто полувреме, клучниот момент се случи по акција на младиот Јамал, кој нафрли прецизно од десната страна, а искусниот Левандовски со удар со глава го постави конечниот резултат.

Со оваа победа, каталонскиот тим сега има 19 бодови, еден повеќе од Реал Мадрид и се искачи на врвот од табелата во Ла Лига.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот