
ВИДЕО | Барса само до бод против Рајо Ваљекано во „Ла Лига“
Фудбалерите на Барселона ремизираа на гости во Мадрид против Рајо Ваљекано со резултат 1:1 во рамките од третото коло во најсилното шпанско првенство.
Препорачано
Не изгледаше дека Каталонците ќе имаат никакви проблеми по првите 45 минути, во кои го диктираа темпото и дојдоа до предност. Во отсуство на Роберт Левандовски, Ламин Јамал му донесе водство на тимот на Ханси Флик од пенал во 40 минута.
Сепак, борбениот Рајо не се предаваше и успеа да се избори за бод. Голманот на Каталонците Гарсија не можеше ништо да направи во 67 минута кога Фран Перез постигна гол за 1-1, но имаше две или три одлични одбрани до крајот на натпреварот за да го спаси својот тим.
По овој кикс, Барса им овозможи на Реал и Атлетик Билбао да се одвојат на првото место, бидејќи двата тима имаат максимални девет бода од три натпревари. Тимот на Ханси Флик е на четвртото место на табелата, а во следното коло ќе ја пречека Валенсија.
Рајо Ваљекано, првиот противник на Шкендија оваа сезона во Конференциската лига, се наоѓа на 10 позиција со четири бода и во следното коло ќе гостува кај Осасуна.