фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

ВИДЕО | Барса против Реал во финалето на Кралскиот куп

Фудбалерите на Барселона обезбедија пласман во финалето на Копа дел Реј, откако го елиминираа Атлетико Мадрид.

По спектакуларното реми 4:4 во првиот натпревар на Камп Ноу, Барса минимално славеше во Мадрид, а херој на мечот беше Феран Торес. Тој е во фантастична форма, бидејќи ова е негов петти гол на последните четири натпревари.

Барселона доминираше и го имаше поседот на топката, што дополнително ги фрустрира домашните, кои на полувремето имаа четири жолти картони.

Единствениот гол беше постигнат во 27 минута, кога Торес ја искористи одличната асистенција на Ламине Јамал ​​и погоди со првиот допир на топката, оставајќи го Облак немоќен.

Атлетико се обидуваше да се врати во натпреварот, постигна гол преку Серлот, но истиот беше поништен поради офсајд.

Барселона во финалето на Кралскиот куп ќе се соочи против Реал Мадрид на 26 април во Севиља.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот