Фото: EPA/TANNEN MAURY

ВИДЕО | Барак и Мишел Обама првпат по неколку месеци видени во јавност: Биле на романтичен состанок среде гласините за развод

Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел првпат се видени заедно откако се појавија гласините за нивниот развод. Парот не е виден во јавност од декември 2024 година, а сега се фотографирани на состанок во Вашингтон.

@brianwimmerI love the nation’s capital omfg

♬ BO$$ – Fifth Harmony

Гостин во ресторанот во кој уживале ги снимил како се пробиваат низ ресторанот. Барак и Мишел им мавтале на другите клиенти додека излегувале од ресторанот, придружувани од телохранители.

Барак вечерал во истиот ресторан неколку дена пред инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп во јануари, на која пристигнал без сопругата. Ова не беше првиот важен настан на кој присуствуваше без Мишел, па многумина почнаа да шпекулираат дека парот наишол на брачни проблеми.

Мишел неодамна реши да ги коментира гласините и изјави дека едноставно сака да се оддалечи од очите на јавноста, барем на кратко, по долги години јавна служба. Таа рече дека на луѓето им е тешко да прифатат дека „возрасна жена одлучува за себе“.

“Тоа е нешто со кое ние жените се бориме. И оваа година, луѓето не можеа да поверуваат дека донесувам одлука за себе, па мораа да претпостават дека мојот сопруг и јас се разведуваме. Тоа е она што општеството ни го прави”, рече таа.

Инаку, Мишел и Барак се запознале во 1989 година и се венчале три години подоцна. Заедно имаат две ќерки – Малија и Саша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот