принтскрин ЈУтјуб

ВИДЕО| Бар: Евакуиран дел од улицата, маж се заканува со експлозив

Полиција во црнгорскиот град Бар евакуираше дел од улицата Маршал Тито во Бар, поради закана од едно лице да активира експлозив, пишува „Вијести“.

Од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа за „Вијести“ соопштија дека лицето претходно во филијала на банка ставило натпис „Вратете ги парите што ги украдовте од работниците на Приморка“.


Евакуирана е зградата во која се наоѓа подружницата на банката и дел од улицата.

Човекот кој се претстави како Един Бегзиќ, претходно на медиумите им достави видео од Јутјуб, во кое ги повикува премиерот и вицепремиерот, како и претседателот на Собранието, да помогнат во решавањето на ситуацијата со банката, барајќи штета од повеќе милиони долари.

Човекот во видеото покажува импровизирани направи, за кои тврди дека се експлозивни.

„Ќе ја држам банката под контрола додека не им ги исплати на работниците парите што ги украла, со камата за целото време што чекаат. Имам солзавец и маска, оклоп, пиштол, молотови коктели и две рачно изработени експлозивни направи, вели тој во видеото и демонстрира како функционира направата.
Специјалното обвинителство спроведува истрага против организирана криминална група во случајот „Приморка“, осомничена дека го оштетила државниот буџет за четири милиони евра.

Човекот, кој тврди дека ќе ја крене банката во воздух додава:

„Ова банка ги украде парите на чесните граѓани, на работниците на „Приморка“ уште во 2010 година, и им се обрати на политичарите –

 

 

„Да си ја работевте работата, ние немаше да дојдеме во оваа позиција, порачува Бегзиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот