фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

ВИДЕО | Баерн убедливо го совлада Хајденхајм во Бундес лигата, кикс на Лајпциг

Фудбалерите на Баерн Минхен лесно и убедливо го победија Хајденхајм на гостински терен со 4:0 и се приближи до титулата во најсилното германско првенство.

Баварците ја завршија работата во првите 45 минути. Тие поведоа преку Кејн во 12 минута, Лајмер зголеми на 2:0 во 19 минута, а за 3:0 се погрижи Коман во 36 минута. Баерн го комплетираше „покерот“ во мрежата на домашниот тим преку Кимих во 56 минута.

Лајпциг направи чекор назад во борбата за место во Лигата на шампионите. Кил водеше долго време со голот на Мацин во 44 минута, но Шешко го спаси Лајпциг од пенал во финишот.

Лајпциг е на четвртото место на бундеслигашката табела со 49 бодови, додека Мајнц кој веќе подолг период нема триумф се наоѓа на шестата позиција со 47.

Во другите мечеви одиграни во саботата: Фрајбург – Хофенхајм 3:2, Мајнц – Волфсбург 2:2 и Вердер Бремен – Бохум 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот