фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

ВИДЕО | Баерн им се врати на победите во Бундес лигата

Денеска во 27 коло од најсилното германско фудбалско првенство екипата на Баерн Минхен дома славеше против Ст. Паул со 3:2.

Во 17 минута домаќините поведоа со голот на Кејн, а израмнија гостите преку Саад во 27 минута.

Се врати баварскиот гигант во позитива со двата погодоци на Сане во 63 и 71 минута на Алијанц Арена.

До крајот на мечот Ст. Паули успеа само да го ублажи поразот во судиското надополнување (90+3`) со голот на Рицка.

После поразот од Бохум и ремито со Унион Берлин, играчите на Баерн им се вратија на победите, после 20 триумф сезонава се на првото место со 65 бодови, шест повеќе од второпласираниот Баер Леверкузен.

Ст. Паули кој се бори за опстанок во елитата е на 15 место со 25 бодови.

Во другите мечеви: Борусија Менхенгладбах – Лајпциг 1:0, Хофенхајм – Аугсбург 1:1, Холстајн Кил – Вердер Бремен 0:3, Волфсбург – Хајденхајм 0:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот