
Арсовска објави снимка од камион на Општина Гази Баба кој фрла ѓубре на дива депонија
„Фатени сред вршење кривично дело!“ – пишува скопската градоначалничка Данела Арсовска на снимка која ја објави на социјалните мрежи, на која се гледа како камион на Јавното комунално претпријатие од Општина Гази Баба истура отпад на дива депонија во селото Јурумлери, на само стотина метри од знак „Забрането фрлање ѓубре“, поставен токму од Општина Гази Баба.
Препорачано
„Пред една недела ЈКП Гази Баба и општините ставија црвени таблици да се разликуваат од комерцијални возила и еве ги во акција! Иако е под општинска надлежност, наместо да ја исчистат Вардариште тие самите правеа депонии, кои откако ги запалија, од општината си нашле замена и почнале да прават диви депонии низ Јурумлери. По депониите кои со нашите инспектори ги откривме во Ѓорче Петров и Шуто Оризари, ова е најголем доказ дека општинските градоначалници ги прават дивите депонии кои потоа ги палат. Тоа е единствената причина зошто ја саботираат и блокираат Комунална хигиенa преку нивните партиски кадри, за потоа да глумат едните спасители, другите демони“, пишува Арсовска во објавата.
Активисти на „Стоп за Вардариште“ попладнево три часа ќе го блокираат Скопје