
ВИДЕО | Арнолд Шварценегер за голата сцена на својот син во хит серијата: „Не можам да поверувам што видов…“
Патрик Шварценегер ја воодушеви публиката со своето појавување во најновата сезона на „Белиот лотос“ на Ејч-би-о, а особено впечатливата сцена, буквално, не го заобиколи ниту неговиот славен татко.
Препорачано
Како дел од популарната емисија на „Вараети“, Арнолд и Патрик Шварценегер за првпат отворено зборуваа заедно за глумата, успехот, семејството и, како што вели Терминаторот, „таа работа“.
– Не можам да верувам – рекол Арнолд во интервјуто.
– Ја гледам твојата серија и го гледам твојот задник. И одеднаш, таа работа. Помислив: „Што се случува овде? Ова е лудост“. И потоа си реков: „Па, Арнолд, го направи тоа во „Конан“ и “Терминатор’, не се жали – додал тој.
Тој исто така рече дека глумата на неговиот син пријатно го изненадила.
– Не те препознав. Бев воодушевен. Една година претходно, „Вараети“ немаше да нè покани да седнеме овде. Но, по „Белиот лотос“, експлодира – изјавил славниот актер.
Патрик, кој често бил во сенка на своето познато презиме, призна дека ужива во вниманието, но дека тоа значи и години напорна работа.
– Убаво е што луѓето сега ја забележуваат мојата работа. Работев на многу проекти што речиси никој не ги видел. Ова е надреален момент за мене. Иако често разговараме, никогаш не водиме 45-минутни разговори за глума – рекол младиот актер.
Арнолд на шега заклучи дека Патрик навистина ги следел неговите стапки, можеби повеќе буквално отколку што очекувал.
– Сега сите ме запираат во теретана. Ми велат: „Твојот син е фантастичен“ или „Го мразев твојот син во таа серија“. Во секој случај, знаеш дека си направил нешто кога луѓето имаат толку силна реакција – рекол Арнолд.
View this post on Instagram
ФОТО | Поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер ги објави своите мемоари: „Разводот беше брутален“