Фото: Neon / Hollywood Archive / Profimedia

ВИДЕО | „Анора“ – филмот за сексуалната работничка издоминира на Оскарите: Ова е приказната која доби 5 златни статуетки

Во Лос Анџелес по 97-ми пат се одржаа Оскарите, а апсолутен победник на доделувањето на наградите беше „Анора“, филмот на Шон Бејкер.

Драмата во која глуми Мајки Медисон беше номинирана во шест категории. Доби пет награди, меѓу кои и најважните – најдобар филм, режисер, оригинално сценарио, главна актерка и монтажа. Недостасуваше победа во категоријата за најдобар главен актер.

Филмот собори рекорди на Оскарите, предизвика изненадувања за време на сезоната на награди и генерално се покажа како фаворит од сенка. „Анора“ имаше прилично хаотичен и изненадувачки пат до Оскарите.

Филмот беше целосно игнориран на Златните глобуси, иако од неговото објавување го привлече вниманието на критичарите и проститутките кои коментираа за прикажувањето на нивната професија во филмот.

За што станува збор во „Анора“?

Филмот ја следи Анора Ани Микеева (Медисон), 23-годишна сексуална работничка од Брајтон Бич. Нејзиниот шеф ја запознава со Иван Вања Захаров (Марк Ајделштајн), син на руски олигарх, кој бара некој што течно зборува руски. Вања е во САД и студира, но поголемиот дел од времето го поминува на забава и играње видеоигри со Вања во неговата семејна куќа во Бруклин.

Вања ја ангажира Ани и по неколку состаноци ѝ плаќа 15.000 долари за да остане со него една недела. За време на патување во Лас Вегас, тој импулсивно ја запросува. Во тој момент Ани не е сигурна, но на крајот се согласува на венчавката во Лас Вегас. Потоа ја напушта работата и се преселува во замокот на нејзиниот нов сопруг.

Единствениот проблем е што семејството на Вања не е премногу воодушевено поради тоа, па неговата мајка му наредува на неговиот кум Торос (Карен Карагулијан) да побара поништување на бракот. За да се разјаснат работите, родителите на Вања заминуваат за САД, а Торос ги испраќа своите помошници Гарник (Ваче Товмасјан) и Игор (Јура Борисов) да ја завршат задачата пред да дојдат родителите.

Гарник и Игор ја разбеснуваат Ани, нарекувајќи ја проститутка. Вања бега, а Ани почнува конфликт со Гарник и Игор. Кога доаѓа Торос, тој ѝ ја одзема бурмата и ѝ нуди 10.000 долари за да го поништи бракот. Ани инсистира дека таа и Вања се заљубени, и на крајот се согласува да му помогне на Торос да го најде.

Ани, Торос, Гарник и Игор ја поминуваат ноќта барајќи го Вања во Бруклин. Ани од другарките дознава дека Вања е во клубот со друга стриптизета. Тој е премногу пијан за да зборува. Тие чекаат до утрото пред судот за да го поништат бракот, но барањето е одбиено бидејќи бракот бил склучен во Невада.

Ани ги запознава родителите на Вања, Николај и Галина, на аеродромот. Вања, по наговор на неговите родители ѝ кажува на Ани дека не можат да останат во брак, а Галина им наредува на сите да се качат во авион за Лас Вегас.

Кога станува свесна за незрелоста на Вања и моќта на неговото семејство, Ани се согласува на поништување на бракот. Игор ја враќа Ана во Њујорк за да и ги земе работите од вилата.

Некои сексуални работнички го фалат филмот

Анора доби пофалби од сексуалните работници за нејзиното прикажување на професијата. Тие сметаат дека ова е чекор напред од филмовите во минатото кои ги осудувале.

Некои пак велат дека филмот открива многу малку за животот на Ани надвор од работата и дека линијата помеѓу Ани како личност и Ани како сексуална работничка недостасува.

Што велат филмските критичари?

Филмот има оцена од 7,7 на IMDb и 93 отсто на „Rotten Tomatoes“. Ричард Лосон од „Vanity Fair“ напиша:

„Дури и кога раскажувањето и дијалогот на Бејкер се повторуваат, Медисон ги одржува работите живи“. Џастин Чанг од Њујоркер напиша: „Анора е како див сон. На почетокот радосна, потоа катастрофална и секогаш жестоко непредвидлива“.

„Шон Бејкер достигна врв со оваа смешна, тажна, трогателна, енергична, релевантна, крајно волшебна приказна за светлата, жива еротска танчарка Анора, која брилијантно ја игра Мајки Медисон“, вели Брајан Винер, пишува „Индекс.хр“.

Кои награди ги освои „Анора“?

Покрај петте награди на Оскарите, кои го направија најнаградуван филм на церемонијата за Оскарите, „Анора“ ја доби и Златната палма на 77. Кански филмски фестивал.

Филмот беше номиниран за Златен глобус во пет категории: најдобар филм – комедија или мјузикл, најдобар режисер, најдобро сценарио, најдобра актерка и најдобра споредна машка улога.

Иако не освои ниту една од овие награди, Мајки Медисон претходно ја доби наградата на Британската филмска академија (БАФТА) за најдобра актерка во главна улога, за нејзината улога во филмот.

За Мајки Медисон

25-годишнната Мајки Медисон доби Оскар за најдобра женска улога во филмот „Анора“.

„Жените од заедницата на сексуалните работници со кои имав привилегија да се сретнам беа дел најубавите спомени од ова неверојатно искуство“, рече Медисон во својот говор.

Медисон е родена и израсната во Лос Анџелес. Откако нејзината сестра се омажила за сценарист, Медисон се заљубила во светот на филмот и телевизијата.

Од 2013 година почнала активно да се занимава со актерството. Нејзината прва голема улога била во култната хумористична серија „Better Things“, во која глумела намуртена тинејџерка, најстарата сестра во семејството. По тоа, таа се појавила во петтиот дел од хорор франшизата „Scream“ и во филм на Квентин Тарантино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот