Фото: ДЗС

ВИДЕО: Ангелов вели дека некој расфрлил пакуван сончоглед и намерно го запалил на депонија во Арачиново

„Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово. Оваа депонија има ограда и влезна врата. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи“, изјави вечерва Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Тој вели дека намерно запалениот сончоглед распалил дел од депонијата, и дека смрдеата од овој пожар се чувствува и во Скопје.

„Поради насоката на струењето на воздухот, смрдеата од пожарот во оваа депонија најверојатно се чувствува во делови од Скопје“, вели директорот на ДЗС.

Според него, гаснењето ќе биде сложено бидејки обемот на зафатената површина е голем, што го компликува гаснењето со вода или пена. Затоа се прави проценка на неопходноста од затрупување и на оваа депонија која е под надлежност на Општина Арачиново“, изјави Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот