ВИДЕО | Андоновиќ: Трамп се заканува, Путин не отстапува од трите клучни барања кои Зеленски не ги прифаќа

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на рускиот претседател Владимир Путин со „погубни“ последици доколку не потпише договор за прекин на огнот.

Американскиот претседател рече дека „сега сè зависи од Русија“, предупредувајќи дека неговата администрација може да ја погоди Русија  со потенцијални дополнителни санкции доколку тие го орфрлат предложениот 30-дневен прекин на огнот во Украина.

Говорејќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп рече: „Можам финансиски да правам работи кои би биле многу лоши за Русија. Тоа би било погубно за Русија. Но, не сакам да го правам тоа затоа што сакам да видам мир“.

Коментирајќи ги последиците од катастрофалниот состанок во Овалната соба меѓу него и Зеленски, Трамп оценил дека е сè поблиску до мирот:

„Сè поблиску сме до тоа да направиме нешто. Како што знаете, отсекогаш сум велел дека Украина може да биде потешката страна. Киев не сакаше да направи отстапки во замена за мир, а сега сака мир“, изјави Трамп.

Владимир Путин, кој сè уште не го коментираше предлогот за прекин на огнот, во меѓувреме во вторникот се појави во униформа  додека го посетуваше  командното место на руските трупи вклучени во контраофанзивата во регионот Курск. Борбите се интензивираа во областа во последниве денови, откако украинските сили успешно ја држеа руската територија со месеци. Сега, според последните информации, руските сили напредуваат и ги потиснуваат Украинците со цел тие целосно да се повлечат од руска територија.

Кремљ сè уште нема издадено никаков официјален одговор на предложениот 30-дневен прекин на огнот одобрен од Украина. Портпаролот Дмитриј Песков рече дека Русија чека „детални информации“ од САД, што сугерира дека Путин нема да заземе никаков став за плановите пред тие да бидат примени. Кремљ претходно се спротивстави на нешто помалку од траен крај на конфликтот и допрва треба да понуди  какви било отстапки.

Но веќе е јавно деклариран ставот на Москва, која, покрај другото,  има три услови од кои не планира да отстапи.

Забрана за членството на Украина во НАТО, противење на распоредувањето на странски сили во Украина и меѓународно признавање на Крим и четирите  украински региони, Доњецк, Луганск, Херсон, и Запорожје  како територии на Русија.

Руски и американски функционери разговарале за условите за време на директни и онлајн разговори во изминатите три недели. Според американски извори,  руските барања останале  широки и слични на оние што порано им биле презентирани на Украина, САД и НАТО.

Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека Украина е подготвена за прекин на огнот, но не ѝ верува на Русија поради искуството од минатото.

Тој повтори дека Украина никогаш нема да ги признае териториите окупирани од Русија, нагласувајќи дека неговиот народ ги дал своите животи за тоа.

Портпаролката на руското МНР Марија Захарова реагираше и рече дека е „смешно да се слушаат приказни за независност од човек кој ја турнал својата земја во целосна зависност“.

За тоа време борбите на фронтот не престануваат. Руските сили ја продолжуваат офанзивата во областа Курск, откако ја ослободија Суџа.

Целата анализа во видеото погоре во текстот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот