ВИДЕО | Андоновиќ: Рускиот одговор на новоформираното балтичко „НАТО езеро“ е преку Сувалки?

Откако Финска ѝ се приклучи на Алијансата минатиот април како одговор на заканата од Москва, членките на НАТО сега го „заокружија“ Балтичкото Море, вклучувајќи ги Данска, Норвешка, Летонија, Литванија, Естонија и Германија, пишува Њузвик.

Членството на Шведска во НАТО може да предизвика сериозна реакција од Кремљ, со оглед на тоа што Русија сега е опкружена со „Езерото на НАТО“.

Вака голем број од светските воени аналитичари го нарекуваат Балтичкото Море, бидејќи сега сè повеќе земји од НАТО ја опкружуваат Русија.

Унгарскиот парламент неодамна го ратификуваше приемот на Шведска во НАТО, а сега остануваат само формалности пред Стокхолм да стане 32-та членка на Алијансата.

Западните медиуми забележаа дека откако Финска ѝ се приклучи на Алијансата минатиот април како одговор на заканата од Москва, членките на НАТО сега го „заокружија“ Балтичкото Море, вклучувајќи ги Данска, Норвешка, Летонија, Литванија, Естонија и Германија, пишува Њузвик.

„Руската инвазија на Украина го претвори Балтичкото Море во езеро на НАТО“, објави соработникот на Институтот за кралски обединети услуги, Самуел Рамани на мрежата „Икс“, покрај сликата на која е прикажана новоформираната тампон-зона против Русија.

Сепак, Марк Хертлинг, поранешен командант на војската на САД во Европа, рече дека Москва сè уште има силно присуство во регионот. „Многумина поставија мапа на која е прикажано „Езерото на НАТО“ како Балтичко море, но тука постои опасност. Повеќето не слушнале за Калининград или за преминот Сувалки. Ние што служевме во Европа веруваме дека ако Украина падне, ова ќе биде следното место од кое Русија ќе нападне“, напиша тој на мрежата „Икс“.

Калининград е руска енклава во срцето на регионот и е опкружен со членки на НАТО. Таа руска енклава се наоѓа меѓу Литванија и Полска и во не а се стационирани руски воени средства, вклучувајќи поморски бази, аеродроми и ракетни системи.

Преминот Сувалки се споменува како точка од која Путин може да го започне нападот врз НАТО. Тој е идеален за тие цели, бидејќи има поддршка од голем сојузник – Белорусија. Исто така, користењето на оваа точка за напад би овозможило пробив на територијата на неколку земји, како што се Полска и Литванија.

Сувалки се граничи со Калининград од едната страна и ако руските или белоруските сили го затворат преминот, тоа ќе ја прекине способноста на НАТО да испрати засилување до балтичките земји по копно. Земјите членки на НАТО објавија сценарио, таканаречено „Алијанса одбрана 2025“ во кое се предвидува напад од Кремљ. Меѓу другото, Калининград и превојот Сувалки се споменуваат како точки од кои Русија би започнала напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот