ВИДЕО | Андоновиќ: Русија подготвува голема воена офанзива во Украина кон крајот на мај, Полска ја активираше својата борбена авијација

Анализа со Андоновиќ / Фото Слободен печат

Војната во Украина влегува 765 ден. Руската армија во раните утрински часови изврши уште една серија напади врз критичните инфраструктурни објекти на Украина, пишува Киев пост.

Руските сили ја нападнаа инфраструктурата во областа Камјанск во близина на украинскиот град Днипро рано во петокот, при што беше повредено најмалку едно лице, рече регионалниот гувернер, додека медиумите во Суспилна објавија дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки.

Повеќе беспилотни летала и проектили беа насочени кон термоцентралите и хидроцентралите низ целата земја, што резултираше со прекини на струја во неколку градови и извештаи и повредени луѓе.

Руските сили извршија обемни напади врз енергетската инфраструктура во последниве недели, вклучително и масовниот напад на 22 март, кој Киев го опиша како најголем таков напад откако московските сили извршија инвазија во февруари 2022 година, пренесува Ројтерс.

Врховната команда на вооружените сили на Полска соопшти дека полските и сојузничките авиони биле активирани рано во петокот откако Русија извршила ракетни напади врз Украина во близина на југоисточниот дел на Полска кој се граничи со Украина, забележува Ројтерс.

Во меѓувреме според извештаите руски воен авион вчера се урнал во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол.

Пилотот безбедно се катапултирал и спасувачите навремено го пронашле и го евакуирале, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев.

Засега не е позната причината за уривањето на борбениот авион Су-35.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија засега нема планови за напад на некоја од земјите членки на НАТО и нема да ја нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но дека руските сили ќе ги соборат сите авиони од типот Ф-16 доколку Западот му ги достави на Киев.

Од друга страна во западните медиуми вклучително и во Киев се погласни се предупредувањата дека Русија наскоро ќе започне голема офанзива на одредени точки на фронтот во Украина.

„Зборуваме за крајот на мај или почеток на јуни. И не само што треба да се подготвиме за нападот,туку и да ја стабилизираме ситуацијата, изјави Зеленски потенцирајќи дека во интерес на земјите од НАТО е Украина да ја стабилизира состојбата на фронтот. Сепак како што нагласи Зеленски на Украина сега и веднаш и треба помош“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот