ВИДЕО | Андоновиќ: Израел би можел да ја одложи, но сигурно ќе ја изврши операцијата во Рафах

Воената офанзива на Израел врз јужниот палестински град Рафах би можела да биде „донекаде одложена“ доколку се постигне договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Ова го изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според кого, без разлика на тоа кога ќе започне офанзивата, на израeлската војска ќе и требаат неколку недели за целосна победа над Хамас

Нетанјаху за Си-Би-Ес потврди дека разговорите за еднонеделниот прекин на огнот и ослободувањето на заложниците се во тек, без да даде дополнителни детали.

Разговорите за привремено примирје продолжија вчера на ниво на специјални претставници на сите страни во конфликтот, објави египетската државна телевизија Ал Каиро.

Во постигнувањето на договорот учествуваат Египет, Катар и САД, а присутни се и претставници на Израел.

Нетанјаху за оваа неделанајави дека ќе му предложи на воениот кабинет да ги одобри оперативните планови, кои вклучуваат евакуација на палестинските цивили од Рафах на друга локација во Појасот Газа.

„Кога ќе започне операцијата, интензивната фаза на борбите ќе трае со недели, а не со месеци. И доколку не успеат преговорите сигурно ќе интервенираме бидејќи преостанатите шест баталјони на Хамас се концентрирани во Рафах, изјави Нетанјаху.

За овие планови на Нетанјаху околу интервенцијата во Рафах според советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, не бил информиран претседателот на САД Џозеф Бајден.

„Сметаме дека оваа операција не треба да започне сè додека или ако не видиме план за заштита на цивилите“, изјави Саливан.

Министерството за здравство на Хамас денес соопшти дека 29.782 лица се убиени во Појасот Газа од почетокот на израелските воени операции како одмазда за нападите на палестинските екстремисти на 7 октомври. Само во изминатите 24 часа загинале 90 лица, наведува истиот извор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот