ВИДЕО | Анализа: Дали при бегството, Груби добил помош од структури во МВР?

Иако поранешниот вицепремиер Артан Груби објави дека е во приватна посета на Косово, откако е издадена потерница по него го третираме како бегалец, заедно со поранешниот директор на Лотарија на Македонија, Перпарим Бајрами.

Во моментов трае истрага во МВР, дали Груби имал помош од одредени структури во полицијата?

– Тројца полицајци се под истрага на внатрешната контрола на МВР, откако беа најдени низа пропусти во постапката во моментот кога Груби, заедно со сопственикот на Нептун, Арсим Папарнику, ја поминал границата со Косово. Пасошите на двајцата не биле регистрирани во системот со што не бил активиран системот за запирање. Исто така не работеле батериите на камерите, а не е регистрирано ниту возилото Папарнику, односно било заведено како двајцата пеш да го минале граничниот премин. Исто така треба да се истражи кој му дојавил на Груби дека наредниот ден ќе има претрес во неговиот стан и дека тој ќе биде одведен во полициска станица на испрашување, поврзано со истрагата околу злоупотребите на Државната лотарија. Се добива впечаток дека одредени структури во МВР му овозможиле на Груби да ја напушти државната територија. Од друга страна, професорот на Правниот факултет Гордан Калајџиев, вели дека Системот на запирање на граница е противуставен и не е во согласнот со Законот за кривична постапка и дека полицајците на граница немале право да го сопрат поранешниот вицепремиер – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот