Фото: Brentford FC

ВИДЕО: Аморим и Јунајтед повторно разочараа, Брентфорд ги освои трите бода

Манчестер јунајтед денеска во првиот натпревар од шестото коло го претрпе вториот пораз во Премиер лигата и загуби од Брентфорд со 3-1.

„Црвените ѓаволи“ лошо го отворија натпреварот и домаќините во првите 20 минути двапати ја затресоа нивната мрежа. Игор Тијаго го искористи киксот на Хари Мегваер кој не се извлече навреме и со прецизен удар донесе водство за Брентфорд во 8. минута, а истиот фудбалер во 20. минута погоди повторно за 2-0.

Шест минути подоцна, новото засилување Бенјамин Шешко се запиша во листата на стрелците и го постигна својот прв гол во Премиер лигата, враќајќи надеж за тимот на Рубен Аморим.

До крајот на натпреварот се редеа шанси на двете страни, а конечниот резултат беше поставен во самата завршница кога Јенсен погоди за 3-1. Претходно Јунајтед во 76. минута преку Бруно Фернандеш пропушти прилика од пенал да израмни.

По шест натпревари сезонава Манчестер јунајтед останува со само седум бодови, исто колку што сега по денешната победа има и Брентфорд.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот