Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | Амал и Џорџ Клуни пристигнаа на Венецијанскиот филмски фестивал: Сопругата на актерот воодушеви во жолта креација!

Денеска во Венеција започнува 82. издание на престижниот Филмски фестивал, а меѓу првите ѕвезди што пристигнаа и го привлекоа вниманието на јавноста беа токму Амал и Џорџ Клуни.

Држејќи се за рака додека излегуваа од водено такси, Амал блесна во жолта миди тоалета од „Balmain Resort 2026“, со џебови во утилитарен стил, висок шлиц и златен ремен што совршено ја нагласуваше нејзината силуета. Комбинацијата ја заокружи со предимензионирани очила за сонце, бели модни детали и препознатливата негувана фризура. Џорџ, пак, остана доследен на својот лежерен летен стил – црна поло маица, панталони во боја на песок и класични мокасини.

Нивната прошетка по каналите дојде по серијата стилски појавувања на езерото Комо претходно овој месец, но токму Венеција отсекогаш била нивна сцена. Од нивното прво заедничко појавување на фестивалот во 2017 година, Клуни се враќаат секоја година, станувајќи препознатливо присуство на црвениот тепих и неформална „кралска двојка“ на Лидо.

Оваа година, изборот на жолтата тоалета внесе доза носталгија, бидејќи потсети на блескавата златна „Версаче“ креација што Амал ја носеше лани. Со тоа таа ја потврди жолтата палета како свој моден потпис, симбол на суптилен, но раскошен луксуз.

Да потсетиме, Веницијанскиот филмски фестивал започнува денеска (27 август) и ќе трае до 6 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот