Пратеничката Илва Џузи ФОТО/ Принтскрин

ВИДЕО: Албанска пратеничка присуствуваше на состанок во Парламентот со своето бебе

Пратеничката од Социјалистичката партија во албанскиот парламент, Илва Ѓузи, присуствуваше на состанокот на Парламентарниот комитет за природни ресурси, инфраструктура и одржлив развој, држејќи го своето бебе старо 38 дена во раце цело време, пренесува Н1.

„Јас сум професионалец, пратеник во Парламентот, но пред сè сум мајка. Моето бебе има само 38 дена и како што се грижев за моите браќа и сестри, ќе се грижам и за него“, изјави Ѓузи за албанската телевизија Топ.

Таа изрази задоволство што во албанскиот Парламент „мајчинството се сфаќа како должност што не е одвоена од реалноста“ и дека, како што рече, се чувствувала добредојдено.

„Имавме важни прашања на дневен ред и мојот син доби внимание. Бебето ќе биде со мене во претстојните комисии и седници. Не ми недостасува поддршка, имам сопруг и многу добра свекрва. Поентата е дека во овие рани фази од животот бебето треба да биде со мене. Подоцна, грижата за неа ќе ја препуштам на мајка ми“, рече таа.

Таа изјави дека синот Бљини денес не ја попречувал.

„Дури и сум смирена што е со мене“, рече Џузи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shqiptarja.com (@shqiptarjacom)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот