
ВИДЕО | Албанија: Разбиена мрежа за шверц на луѓе од Тирана до САД и Канада
Во Албанија е разбиена организирана мрежа за шверц на луѓе по неколкумесечна истрага, во операција со кодно име „Мрежа“, координирана од државната полиција во соработка со американските агенции за спроведување на законот и Канцеларијата на генералниот обвинител во Тирана.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Уапсени се три лица, идентификувани како Черкез Никочи, Хазир Мачи и Арѓан Пирани, осомничени за испраќање на албански државјани во Канада, САД и други земји, користејќи фалсификувани патни документи.
Истрагите открија дека главниот осомничен примал суми од 20 до 35 илјади долари по лице, додека неговата мрежа дејствувала преку сложен синџир што минувал низ земјите од ЕУ, Карипските острови, а потоа кон Америка.
За време на апсењата е запленета готовина, фалсификувани документи и други докази поврзани со криминална активност. Истрагите се во тек за идентификување и апсење на други лица вклучени во оваа меѓународна мрежа.
-Неколкумесечните истраги открија дека главниот осомничен, државјанинот Х.М., во соработка со други државјани, преку обезбедување фалсификувани патни исправи, шверцувал неколку албански државјани од Албанија во неколку земји од ЕУ, оттаму во карипските островски земји, а потоа во други земји, со крајна цел, дека ќе ги испрати во Канада и Соединетите Американски Држави. Исто така, се сомнева дека главниот осомничен, државјанинот Х.М., со претходен преседан во оваа криминална активност, примил износи помеѓу 20 и 35 илјади долари, со ветување дека ќе ги испрати во Канада и Соединетите Американски Држави – соопшти обвинителството од Тирана.
Истрагите продолжуваат за понатамошно документирање на оваа криминална активност и идентификување на други осомничени граѓани.