Фото: „ТикТок“ / скриншот

ВИДЕО: Албанци истакнаа знаме на ОВК на вратата на Српската амбасада во Лондон

Снимка на која се гледа како двајца Албанци поставуваат знаме на Ослободителната војска на Косово (ОВК/УЧК) на вратата од Амбасадата на Србија во Обединетото Кралство во Лондон, е објавена на „ТикТок“.

На снимката може да се слушне и жена, веројатно вработена во амбасадата, која им довикува на двајцата да го извадат знамето, а тие ѝ одговараат со пцости.

Видеото има илјадници прегледи, а во коментарите, очекувано, има жестоки препукувања меѓу Срби и Албанци.

@urimnimanaj5 SHQIPET NGA LONDRA ⚔️# #albania🇦🇱 #kosova🇽🇰 ♬ son original – Urim

Ова видео доаѓа само два дена по идентичен инцидент, во кој двајца млади луѓе, кои според извештаите биле дел од собир на албанската дијаспора во Хаг, исто така истакнале знамиња на ОВК и на Албанија, а толпата извикувала навредливи слогани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот