Фото: Икс

ВИДЕО | Актерот од серијата „Закон и ред“ осуден на 25 години затвор

Актерот од познатата серија „Закон и ред“  Исаја Стоукс е осуден на 25 години затвор за убиство на Тајрон Џонс во 2021 година.

Четириесет и пет годишниот актер го следел Џонс 4 месеци по расправијата и му нанел прострелни рани во главата и градниот кош на 7 февруари 2021 година, во Квинс, Њујорк, по што тој  починал на местото на настанот.

Стоукс беше уапсен пет месеци подоцна и прогласен за виновен за убиство од втор степен, но и за поседување на оружје.

Стоукс пркосно упатувал навреди кон судијата за време на изрекувањето на пресудата, на што судијата Кенет Холдер одговорил:

„Не ми е гајле што рече! Не ми е гајле што тврдиш дека си невин, ти си повеќе виновен од кој било што сум го видел во оваа судница. Мислеше дека ќе останеш во затвор колку што можеш повеќе и дека ќе направиш чуда во твојата филмска кариера кога ќе излезеш. Ама тука е проблемот, си планирал да излезеш, а не излегуваш, никој не може намерно да планира убиство и да го изврши глупаво како тебе. Беше гневен поради ќотекот што го доби месеци порано и го смисли овој смешен план“.

Обвинителката  Мелинда Кац по изрекување на пресудата во изјавата рече:

„Правдата е задоволена за извршеното убиството со умисла и обвинетиот сега ќе помине 25 години до доживотен затвор како директен резултат на неговите криминални дејствија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот