Фото Слободен печат

ВИДЕО Ахмети од Албанија се пофали: Командант Талат Џафери ќе биде премиер

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостување во емисијата „Опиниони“на ТВ Клан во Албанија се пофали дека премиер на техничката влада ќе биде „командант Талат Џафери“. Ахмети токму поради исполнетото ветување дека во Македонија ќе има премиер Албанец, од „Опиниони“ е прогласен за личност на годината.

На прашање на водителот Бленд Февзиу кога ќе биде избран премиерот Албанец, Ахмети одговорил дека тоа ќе биде на 28 јануари. Прашан кој ќе биде премиер, лидерот на ДУИ одговорил Талат Џафери.  Водителот потпрашал Талат Џафери? Командант Талат Џафери?  Ахмети потврдил: Командант Талат Џафери.

Прашан дали Македонија ќе постави командант на УЧК за премиер, лидерот на ДУИ вели:

-УЧК во 2001 година потпиша договор со НАТО за демобилизација и униформата на УЧК останува споменик на историската меморија, ја има секој војник, со моќна гаранција дека нема да биде злоупотребена.

Во конкуренција на 15 познати и влијателни лица меѓу кои шахист, фудбалер, актери, технолог, градоначалник,  … „Опиниони“ за личност на годината го прогласи Ахмети.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот