Адел / Фото: Инстаграм/Адел

ВИДЕО | Адел се соочува со тужба: Нејзиниот голем хит многу потсетува на позната бразилска песна

Бразилски судија ѝ нареди на британската пејачка Адел да ја повлече песната „Million Years Ago“ поради обвинување за плагијат од страна на бразилскиот композитор Тонињо Жераес.

Прелиминарната забрана беше издадена од судијата Виктор Торес во петокот во Стопанскиот суд во Рио де Жанеиро, додека судската постапка се очекува да продолжи. Пресудата им наредува на издавачките куќи „Сони мјузик“ и „Јуниверсал мјузик“ „веднаш и глобално да ја прекинат употребата, репродукцијата, уредувањето, дистрибуцијата или комерцијализацијата на песната ‘Million Years Ago’ во која било форма – физичка или дигитална, вклучително и музичките платформи за музика.

„Ова е важен момент за бразилската музика, која често служи како инспирација за меѓународните хитови“, рече Фердимио Трота, адвокатот на Тонињо Жераес.

Композиторот тврди дека песната на Адел е плагијат на неговата самба класика „Mulheres“, песна која ја снимил познатиот бразилски уметник Мартињо да Вила во 1995 година.

Композиторот бара компензација за изгубените авторски права, 160.000 долари морална отштета и признавање дека е автор на песната.

Адел и нејзините претставници се уште не се изјасниле, додека адвокатот Трота нагласува дека оваа забрана може да послужи како предупредување за меѓународните уметници и дискографи да не ја злоупотребуваат бразилската музика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот