Депортираните активисти од флотилата пристигнаа во Барселона/Фото: Marc Asensio Clupes / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО | Дваесетина активисти од Газа се вратија во Шпанија и го осудија малтретирањето и понижувањето од страна на Израел

Првата група од 21 шпански активист – вклучувајќи ја и поранешната градоначалничка на Барселона, Ада Колау – од 49-те кои беа на бродовите од флотилата што носеа помош за Појасот Газа, но беа пресретнати минатата недела од израелските вооружени сили, пристигна со авион на аеродромот во Мадрид во неделата, а членовите на групата нагласија дека претрпеле малтретирање и понижување за време на притворањето, објави агенцијата ЕФЕ.

„Физичкото и психолошкото малтретирање се повторуваше секојдневно. Нѐ тепаа, нѐ влечеа. Ни ги врзаа очите. Ни ги врзаа рацете и нозете“, изјави за новинарите Рафаел Борего, член на флотата.

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Алварез, вчера наутро објави дека е постигнат договор со Израел, така што првата група од 21 шпански активист ќе може да се врати по воздушен пат во текот на денот.

Сите се согласија да потпишат документ со кој потврдуваат дека влегле нелегално во Израел, рече Алварез.

Останатите 28 досега одбија да го сторат тоа и се очекува да останат во притвор подолго, истакна каталонскиот европратеник и адвокат Хауме Азенс на шпанската јавна телевизија.

Според португалското Министерство за надворешни работи, се очекуваше и четворица португалски активисти да пристигнат во Лисабон синоќа.

Дел од флотилата отплови од Барселона на почетокот на септември, со цел да ја пробие израелската блокада на Појасот Газа и да достави хуманитарна помош до палестинската енклава. Но, минатата недела беше пресретнат од израелската морнарица.

Меѓу членовите на флотата, активисти од десетици земји, беше и младата Швеѓанка Грета Тунберг и разни политички личности,

Стотици активисти кои биле на бродовите на флотилата и биле приведени од израелските вооружени сили чекаат депортација. Веќе 137 активисти беа префрлени со хеликоптер во Истанбул во саботата.

Шпанија е меѓу најкритичните гласови во Европа во врска со војната што Израел ја води во Појасот Газа.

Грета Тунберг во ќелија со бубачки

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот