Ана Митреска
Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска / Фото: Народна банка на Република Северна Македонија

Вицегувернерката Митреска: Дигиталната финансиска инклузија е нов глобален предизвик

Дигиталната финансиска вклученост е еден од новите глобални предизвици. Новите времиња и дигитализацијата носат нови можности за поголема финансиска инклузија, како и нови предизвици за повисок степен на финансиска едукација. Ова го посочи вицегувернерката Ана Митреска во својата презентација на работилницата организирана од германската Шпаркасе фондација за меѓународна соработка, која беше одржана за да го означи почетокот на активностите на оваа фондација во нашата земја во областа на финансиската инклузија.

Таа смета дека во услови на потреба од натамошно унапредување на финансиската вклученост и финансиските познавања на населението во нашата земја, годинава, заедно со другите финансиски регулатори, ја усвоивме првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, која предвидува голем број активности и кооридиниран пристап.

Потребно е знаење за новите можности, свесност за дигиталните ризици (онлајн измама и ризици за сајбер безбедноста, прекумерно задолжување), познавање на правата на потрошувачите и процедурите за компензација. Дигиталната финансиска инклузија станува еден од главните приоритети на глобално ниво. На пример, Г-20 Глобалното партнерство за финансиска инклузија кон крајот на 2020 година го постави дигиталната финансиска инклузија како еден од главните приоритети во својот акционен план за финансиска инклузија, вели Митреска.

Таа посочи дека на новите предизвици и потреби одговораме стратешки со координиран пристап преку изработка и имплементација на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, која содржи голем број на активности кои би се спроведувале од страна на регулаторните тела, како и приватниот сектор, а се очекува и придонес од страна на граѓанскиот сектор.

Главните столбови во доменот на финансиската инклузија се заштитата на потрошувачите, пристапот до финансии за одделни целни групи, финансиски иновации. Од аспект на финансиската едукација напорите се насочени кон градење на основни познавања кај целните групи, координирани напори за едукација, изработка на едукативни материјали и вградување на добрите практики, нагласи Митреска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот