Професор Ивајло Дичев/Фото: Дојче веле

Ветото на ВМРО ги уништи соништата на Бугарите, оценува бугарскиот професор Ивајло Дичев

Големиот удар што ВМРО му го нанесе на нашиот национален интерес беше ветото врз Северна Македонија (но тоа не било вето, туку пружање рака или што и да велат). Во очајнички обид да придобијат еден или два процента на изборите, овие луѓе ги уништија соништата на генерации Бугари за отстранување на југозападната граница и живот во заедничка политичка средина со своите браќа од другата страна, пишува во својата колумна бугарскиот универзитетски професор Ивајло Дичев.

-Што сакаме од нив? Никој не разбра. Од непочнатиот (дали од нивна страна или наша?) Коридор 8, преку една навреда искажана од Македонец, до фактот дека тие не нè сакаат и не се израдуваа на нашето членство во ЕУ во 2007 година. Ние им го признаваме идентитетот, но пак јазикот да не смеат да си го наречат македонски, прашува Дичев во колумна за бугарското издание на Дојче веле.

Тој додава дека Бугарија инсистира на ставот дека историјата е збир на факти, а во исто време сака Македонците да признаат дека окупацијата на нивната територија во 40-тите години од минатиот век не била „фашистичка“, туку „ослободување“, односно како што вели, да се прифати само одредена интерпретација на фактите.

-Згора на се, тука е и обвинувањето дека Македонците не се „декомунизирале“, туку дека имале „тоталитарен историски наратив“. Ова го тврди Влада во која вицепремиерот е историчар и агент на Државната безбедност „Иван“, вели Дичев, алудирајќи на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов.

Според професорот, со сите вакви барања единствено може да се заклучи е дека истите не можат да бидат исполнети и наместо зближување меѓу двата народа, придонесуваат за конфликт и поделба.

-Слушнав многу толкувања дека овие наши убавци можеби исполнуваат странска нарачка – од Москва, од Белград, од Париз (кој е против проширување). Сепак, мислам дека е многу поедноставно. Ако нашиот проблем со Македонците биде решен, како што и би се случило и тоа по природен пат во заедничката Европска унија, самата причина за постоењето на оваа „внатрешна македонска организација“, и нашата и на соседите – ќе исчезне. Колку подолго трае „револуционерната“ борба, толку подолго ќе постојат и двете. И резултатот од целата оваа славна операција на набивање рогови на послабиот е практично бришење на најнеоспорниот политички успех на Борисов, со кој би се запишал во историјата: неговите напори за поддршка на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Политика, која со ентузијазам беше примена во Бугарија и почитувана во странство. Дали разбра? Или денес е заинтересиран за други неисториски прашања?, заклучува професорот Дичев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот