Фото: Freepik

Велики Четврток: Рано изутрина пред изгрејсонце се вапсаат првите велигденски јајца

Православните христијани утре ќе го одбележат Велики Четврток. Според народните обичаи, утрината (четврток) пред изгрејсонце домаќинките ги вапсуваат првите црвени велигденски јајца.

Се верува дека првото велигденско јајце има голема моќ и тоа треба да се чува до следниот Велигден, обично покрај икона.

Црвената боја на велигденските јајца ја симболизира христовата крв, но и божјата сила и моќ. На овој голем Христијански празник токму оваа боја е симбол на Исус Христос кој со своето воскресение ја победил смртта.

Велигденското јајце е старо колку и Христијанството. Православието и црквата го прифатила во својата традиција како симбол на Христовото Воскресение.

Христијаните почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! Вистина Воскресе!

На Велики Четврток е востановена и животоносната тајна на Црквата – тајната на Евхаристијата, Причеста. Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, на тајната вечера кога Христос зел леб, го прекршил и им подал на апостолите. Потоа, зел и им подал и чаша со вино, со што ја најавил својата смрт. Оваа света тајна е всушност причестувањето со телото (лебот) и крвта (виното) Христови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот