Беспилотни летала/фото: Tyler Woodward

Велика Британија и Летонија испраќаат во Украина 30.000 беспилотни летала

Украина ќе добие нови 30.000 дронови од Меѓународната коалиција за снабдување со беспилотни летала – информираше британското Министерство за одбрана. Коалицијата е заеднички предводена од Велика Британија и Летонија.

Групата, формирана на почетокот на 2024 година, издвои 45 милиони фунти (54 милиони евра) за набавка на беспилотните летала, се наведува во соопштението.

Британскиот министер за одбрана Џон Хили ова го изјави во американската база во Рамштајн, Германија, каде што се одржа средба на украинските сојузници со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Храброста на украинскиот народ продолжува да го инспирира светот, а средбата во Рамштајн со претставници на повеќе од 50 нации испраќа јасна порака до рускиот претседател Владимир Путин, рече Хили.

Британските власти објавија дека шест земји, меѓу кои Германија, Португалија и Данска, дале нови придонеси во Меѓународниот фонд за Украина во вкупна вредност од 190 милиони фунти (227 милиони евра).

Фондот, што има за цел да ги задоволи потребите од оружје на властите во Киев, сега располага со повеќе од 1,3 милијарда фунти (1,55 милијарда евра).

Коалицијата за снабдување со дронови ја сочинуваат Велика Британија, Данска, Холандија, Летонија и Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот