Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ведрана Рудан за проблемот, покрај борбата со ракот: „Речиси сум неподвижна, се плашам дека ќе ме исфрлат…“

Познатата хрватска писателка Ведрана Рудан (75) долго време се бори со ракот, а сега се соочила и со уште еден проблем што дополнително ја вознемирил.

Ведрана откри дека била навикната да плаќа сметки преку телефон, но сега се соочила со компликации во банката.

– Речиси сум неподвижна. Опседната сум со стравот дека нема да платам некоја сметка навреме, дека ќе ме исфрлат. Затоа се ужаснав кога сфатив дека поради „системска грешка“ повеќе не можам ништо да платам преку телефон. Се „накљукав“ со морфиум и едвај стигнав до филијалата. Една симпатична госпоѓа се потруди, удираше по тастатурата, а потоа ми рече дека нема поим за што се работи и да се јавам во службата за корисници – напишала Ведрана.

Рудан ја додала и фрустрацијата поради обидот да го реши проблемот:

– Преку два телефона ги внесував сите можни броеви. Се изнаслушав на „На убавиот, син Дунав“ толку многу што желудникот ќе ми се крева со денови на името на Штраус. Не можам да верувам дека сите оператори се зафатени. Очигледно сите починале. За жал, немам сила да ги испратам тие крадци во …. и да отшетам во некое друго дувло – напишала таа.

Да потсетиме, Ведрана неодамна откри и дека се капе со помош на медицинска сестра.

– Болницата станува сè помодерна, но… бањите се од минатиот век – додала таа.

Ведрана Рудан за односот со својот син: „Четири месеци не може да најде петнаесет минути да ме види“

ФОТО | Ведрана Рудан објави трогателна порака од болница: „Лежам во очај …“

Ведрана Рудан се пријавила за евтаназија во Швајцарија: „Не сакам да умирам на рати“

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот