фото: F.C. Struga

Ведран Ќосевски веќе не е голман на Струга Трим Лум

Ведран Ќосевски повеќе нема да биде дел од фудбалскиот клуб Струга Трим Лум. И покрај договорот на голманот што важеше до летото 2027 година, истиот беше раскинат со заедничка согласност.

Ќосевски како прв чувар на мрежата во текот на оваа историска ера на Струга ТЛ, засекогаш ќе биде познат како клучна фигура во заедничките успеси на клубот.

Две шампионски титули и две финалиња на Купот во период од помалку од три години, го прават Ќосевски еден од најдобрите странски голмани во домашниот фудбал, каде што има полни 80 натпревари, помеѓу првенството и Купот.

Во 76 мечеви во Првата лига, успеа да ја задржи мрежата недопрена на 32 натпревари, додека во два други наврати тоа го стори и во европските натпревари во текот на сезоната 2023/24.

Ќосевски на клупски план претходно ги бранеше и боите на Железничар и Вележ Мостар од Босна и Херцеговина, и иранскиот Естегал, а во кариерата настапуваше за босанските репрезентации до 17, 19 и 21 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот