
ВЕЧЕРВА РЕДОК ФЕНОМЕН НА НЕБОТО: По цели 800 години магичната „Божиќна ѕвезда“ ќе биде видлива низ целиот свет
Привидното меѓусебно приближување на Јупитер и Сатурн во понеделник на 21 декември, првпат од 17 век ќе биде видливо од сите места на Земјата. Овој феномен е познат како „Витлеемска ѕвезда“ или „Божиќна ѕвезда“.
Препорачано
Двете планети кои со својата орбита кружат околу сонцето, гледано од Земјата привидно ќе се израмнат една пред друга и ќе се гледаат како една блескава ѕвезда, а не како две.
Ако небото биде ведро, конјукцијата по заоѓањето на Сонцето ќе се гледа од секое место на Земјата, секако, ако небото биде ведро.
Блескавата точка што ќе се појави на небото на 21 декември е предизвикана од редок феномен! Јупитер и Сатурн ќе се доближат толку многу што ќе се однесуваат како да се судираат на ноќното небо. На 21 декември 2020 година (декемвриска краткоденица), ќе бидеме сведоци на нешто што не е видено во последните 800 години.

Порамнувањата на овие две планети е многу ретко. Тоа обично се случува еднаш во 20 години и обично поминува повеќе време додека дојде до нивното спојување, доближување.
– Овој спој, кој ќе се случи сега на 21 декември, е навистина исклучителен и редок поради толку блиското порамнување на овие две планети – потврди за Форбс Патрик Хартиган, астроном од Универзитетот Рајс.
За време на овој настан, кој исто така се нарекува Голема конјукција, Сатурн ќе биде оддалечен 10 AЕ (астрономски единици) од Земјата, додека Јупитер ќе биде оддалечен 5 AЕ и ќе изгледа дека се помали од дијаметарот на полна Месечина.

Следната голема поврзаност, толку блиску, ќе се случи само на 15 март 2080 година, затоа во понеделник вечер погледнете низ прозорецот и уживајте во оваа прекрасна празнична атракција.