Фото: Pexels/ Jonathan Cooper

Вечерва целосно ќе се затемни месечината, Скопското астрономско друштво организира набљудување на плоштадот „Македонија“

Целосното затемнување на Месечината што ќе се случи вечерва ќе може да се набљудува од плоштадот „Македонија“. Од Скопското астрономско друштво најавуваат дека ќе постават два телескопа.

Редок феномен – целосно затемнување на Месечината, ќе може да се набљудува и од нашата држава. Се разбира, ова ќе може да се види само доколку времето биде ведро и без многу облаци. Гледано од Скопје, нема да се види помрачувањето во целост, туку неговиот втор дел, велат од Скопското астрономско друштво.

– Месечината ќе изгрее над источниот хоризонт веќе делумно затемнета, но, не и целосно. Скопското астрономско друштво ќе постави два телескопа на плоштад „Македонија“, во центарот на градот. Околу 19 часот очекуваме изгревање на полу-затемнета Месечина, која со текот на времето ќе станува сè потемна и ќе добива црвеникава боја, појаснуваат од Скопското астрономско друштво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот